Рецепт на денот: Компир-салата со слоеви

Рецепт на денот: Компир-салата со слоеви

SHARE

Состојки:

  • 800 г компири
  • 250 г кисели краставички
  • 200 г зелени маслинки без семки
  • 300 г пченка
  • 400 г моркови
  • 5 јајца
  • 400 г крем-сирење
  • 300 г мајонез
  • сол
  • мешавина од зачини

Приготвување:

1. Компирите се варат заедно со лушпата, па се оставаат да се изладат.
2. Киселите краставички и маслинките се сечат на коцки.
3. Морковите се варат во солена вода па се сечат на коцки.
4. Пченката се вари во солена вода и се цеди.
5. Јајцата се варат и се рендаат на крупно.
6. Посебно се матат крем сирењето и мајонезот.
7. Во соодветен сад се распоредуваат 1/2 рендан компир и се премачкува со 1/2 од смесата со мајонез. Потоа се нанесува 1/2 од пченката и се премачкува со смесата од мајонез, потоа пола од морковите, па пак смесата одмајонез и на крај пола од киселите краставички и маслинките и се завршува со смесата од мајонез. Истата постапка се повторува уште еднаш.

Извор: Dobra hrana

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор