Предјадење: Погачици со путер од кикиритки

Предјадење: Погачици со путер од кикиритки

SHARE

pletenice

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 2 дл млеко
  • 80 г крем-сирење
  • 80 г маргарин
  • 1/2 свеж квасец
  • 150 г путер од кикирики
  • 2 лажици шеќер
  • 1 јајце
  • 100 г жолт шеќер

Приготвување:
1. Во подлабок сад соединете го млакото млеко, 1/2 лажица шеќер, лажиче брашно и свеж квасец, добро измешајте и оставете го да надојде.
2. Во поголем сад за мешање се става половина од брашното па се додава надојдениот квасец, крем сирењето, маргаринот и преостанатиот шеќер и добро се меша. Потоа постепено се додава преостанатото брашно и се меси додека почне тестото да се одвојува од прстите. Замесеното тесто се остава да надојде.
3. Надојденото тесто се премесува во помали кори со големина на кајсија кои се оставаат да отстојат 20 минути. Потоа секоја кора се истенчува и во средината се става рамно лажиче путер од кикирики па се обложува со тесто.
4. Полнетата јуфка се врти такашто краевите да бидат свртени надолу, а потоа се истенчува со сукало за да се добие долгнавеста форма. Истенченото тесто со тркалезен запчест нож се засекува по средината на ленти, а потоа се врти во спирала. Спиралата се витка во круг и се става во калап за мафини. На истиот начин се обликуваат и преостанатите јуфки.
5. Се премачкуваат со изматено јајце и се поросуваат со жолт шеќер. Се печат во загреана рерна на 200 ˚Ц додека поруменат.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор