Вкусна и лесна: бела чорба

Вкусна и лесна: бела чорба

SHARE

corba-sa-mirodjijom

СОСТОЈКИ:

  • 600 г шунка (чадена, домашна)
  • 200 г колбаси
  • 4 варени јајца
  • 2,5 л вода
  • 2 дл павлака
  • 2 лажици брашно
  • сол и црн пипер по вкус
  • 1 мало лажиче рен

 ПРИГОТВУВАЊЕ:

  1. Шунката се мие и се става во лонец со 2,5 литри вода во кој се вари околу еден час на тивок оган.
  2. Шунката се вади и во истата вода се вари колбасот околу 15 минути.
  3. Колбасот се вади и се става покрај шунката.
  4. Во соодветен сад се мати павлаката со 2 лажици брашно и со малку сол, а потоа се истура низ цедилка со постојано мешање во водата во која се вареле шунката и колбасот.
  5. Во чинија се сервираат парчиња шунка и колбас, па варените јајца исечени на 4 дела.
  6. Во супата се става малку рен.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор