Десерт на денот: Ружички со чоколадо

Десерт на денот: Ружички со чоколадо

SHARE

Состојки:

  • 500 г брашно тип 400
  • 1/2 свеж квасец
  • 2 лажици шеќер
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 2 дл млеко
  • 100 г маргарин
  • 1 лимон
  • 200 г млечно чоколадо
  • 1 јајце
  • масло

Приготвување:

1. Во подлабок сад се соединуваат млекото, квасецот, лажиче шеќер и лажиче брашно. Добро се меша и се остава на топло да надојде.
2. Во сад за мешање се става половина од брашното, се додава надојдениот квасец, омекнатиот маргарин, шеќерот, ванилиниот шеќер и рендана кора од лимон и полека се промешува. Постепено се додава остатокот од брашното и се меси додека тестото не почне да се одвојува од прстите. Замесеното тесто се остава на топло да надојде.
3. Надојденото тесто се сука и се истенчува на дебелина од 4 мм, а потоа со модли за крофни се обликуваат кругови.
4. На секој круг тесто се става по една коцка чоколадо, а потоа се витка два пати на половина за да се добие триаголник од тесто.
5. Калапите за мафини се намрсуваат и се поросуваат со брашно. Потоа во нив се ставаат по три полнети триаголници со завршетоците свртени нагоре за да се добие изглед на ружички.
6. Се премачкуваат со изматено јајце и се печат во загреана рерна на 200 степени додека  поруменат.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор