Тие неверојатни гени! Како функционира наследувањето?

Еве што ни овозможува познавањето на генетиката

Луѓето од памтивек биле свесни дека децата ги наследуваат карактеристиките на своите родители и за тој заклучок не им била потребна никаква посебна наука. Нашите предци со голем успех ги вкрстувале растенијата и животните, уште пред да се појави модерниот генетички инженеринг. Науката само го потврди она што луѓето го забележувале со векови и даде одговори на некои важни прашања.

За татко на модерната генетика се смета чешкиот научник Грегор Мендел, кој кон средина на 19 век ги постави темелите и научно потврди некои од основните принципи на наследството. Сепак дури во 1948 година, научното трио сочинето од Освалд Ејвери, Колин Маклауд и Меклин Макарти успеа да ја открие функционалната единица на наследството, позната како ген.

Како функционира наследувањето?

Одговорот на ова прашање е доста комплициран, а ни самата генетика не успеа докрај да ги разоткрие сите тајни на сложениот механизам на транспортирање особини. Сепак голем дел од тој механизам е дешифриран и благодарение на тоа денес со одредена сигурност можеме да претпоставиме, на пример, каква боја на очи ќе имаат нашите деца. Гените се, всушност, линеарно распоредени делови на хромозомската ДНК.

Освен вирусите, сите живи организми поседуваат ДНК. Гените се делат на регулаторни и структурни, а вториве се чувари на специфичниот проспект по чии внатрешни знаци и законитости можеме да ја создадеме речиси секоја клетка. Се разбира, ако знаеме како. Тие секогаш не се постојани, можат да мутираат и да ги сменат структурата и формата, па на тој начин создаваат нови особини или се приспособуваат на новите барања што ги наметнува надворешната средина. Човековото тело содржи 30% вакви гени, подложни на мутации.

Исто така, одредени гени имаат доминантни односно рецесивни особини. Еден од доминантните гени е оној одговорен за кафена боја на очите, додека генот за сина е рецесивен. Доминантниот ген е секогаш во предност при вкрстување, а веројатноста потомството да ги носи особините што ги манифестира рецесивниот ген е значително помала. Тоа значи дека во случај едниот од родителите да има кафени очи, а другиот сини, шансите детето да се роди со сина боја на очите се 25%. Во случај двата родитела да имаат кафена или сина боја на очите, шансите детето да се роди со некоја друга боја се многу мали и се мерат во промили.

Зелената, сивата и другите бои на очи се резултати на комплицирани генетички комбинации и тие многу тешко, речиси невозможно, се предвидуваат. И не само тоа. Се’ уште не можеме со сигурност да потврдиме кои особини ќе ги наследат нашите деца. Дали тоа ќе биде густата и кадрава коса на таткото, или полните усни на мајката, или клапнатите уши на дедото или пак, кривите нозе на бабата – однапред не можеме да знаеме.

Комбинациите што ги прават гените понекогаш можат да бидат многу заплеткани, а резултатот многу необичен и изненадувачки. Нашето тело содржи 30.000 гени и варијациите и можностите се речиси неограничени. Гените се во состојба тајно да „тлеат” и да се манифестираат дури кај нашите правнуци. Затоа се случува детето да биде црвенокосо, иако и двата родитела имаат кафена коса. Одговорот на ваков необичен случај може да се најде со проучување на особините на нашите предци.

Гените можат да ни помогнат и кога се работи за утврдување на родителството, бидејќи анализата на ДНК е 100% прецизна.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.