Само Моника Белучи може да облече црно боди од тантела, а да не изгледа евтино!

Гламур!

Актерката и овој пат ја оставила публиката без здив само со својата појава

Моника Белучи (55) е една од најгламурозните жени на светот. На еден културен настан во Италија, се појавила во секси црно издание од тантела и ги покажала своите облини.

https://www.instagram.com/p/B3ZDUuvI2bq/

Иако бодито од тантела во прв план ги истакнувал нејзините бујни гради, актерката го ублажила изгледот со елегантен блејзер, широки панталони и високи црни потпетици.

https://www.instagram.com/p/B3Y-Du7I180/

Модерната фризура одлично ги нагласила нејзините очи, а сребрените обетки и’ дале младешки изглед.

https://www.instagram.com/p/B3ZIqfchXsR/

Актерката веќе некое време не е видена со нејзиниот дечко, Николас Лефебре (36), па се претпоставува дека новата фризура е резултат на нејзиниот нов сингл-живот.

На прашањето од новинарите дали размислува повторно да се омажи, Моника одговорила:

„Кога претходно сте се венчавале два пати, сега мора подобро да размислите за да сфатите што се случило, па сте се развеле. Да кажеме дека сега сум во фаза на учење.“ 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.