Фантастичен рецепт: Брза пица без тесто

Готвиме со Теа!

Ако немате доволно време за приготвување ручек, оваа брза пица без тесто е идеалното решение за вас!

Теодора Георгиевска секогаш не’ изненадува со вкусни и хранливи рецепти. Нејзиниот инстаграм-профил @gotvime.so.tea е вистинска инспирација! Сигурни сме дека оваа брза пица без тесто ќе ве инспирира за денешниот ручек.

Состојки:
  • 6 јајца
  • 1 поголема тиквичка
  • 2 супени лажици бело брашно (може и пченкарно, интегрално)
  • 2 супени лажици гриз
  • 1 кафено лажиче прашок за печиво
  • 2 супени лажици масло или стопен путер
  • сол
  • зачин италијанска мешавина или само оригано
  • 100 г кулен
  • 100 г моцарела
  • 1 поголем домат
  • свежи печурки
  • маслинки
Приготвување:

1. Да видиме што ни е потребно…

2. Убаво ги мешате состојките за тестото на пицата

3. Печете го тестото додека почне да се згуснува и да фаќа кора

4. Наредете ја пицата со моцарела, кулен, домати, печурки и маслинки

На здравје и добар апетит!

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.