Создадете продуктивна околина во вашиот дом: Како да работите од дома

Бидете продуктивни

Ако за првпат работите од дома заради пандемијата, сигурно не ви е лесно. Ритамот ви е променет, деконцентрирани сте и ништо не ви го привлекува вниманието.

Додека за некои работењето од дома е непознато, постојат многу луѓе кои на тој начин ги извршуваат своите деловни обврски. Сега кога ситуацијата е таква што мнозинството луѓе работат од четирите ѕидови на нивниот дом, токму оние кои се навикнати на тоа споделуваат неколку совети. 

Разбудете се рано

Тоа што работите од дома не значи дека треба да спиете подолго и да се разбудите пет минути пред работа. Запомнете дека вашата нормална утринска рутина и патувањето до работното место е само делот што ви помага да се разбудите и да бидете подготвени за работа. Прескокнувањето на ова ќе ја отежни продуктивноста во првиот час. Сè уште треба да се разбудите барем еден час пред да започнете да работите за да појадувате, да пиете кафе, вежбате и да правите што и да правите нормално.

Преправајте се како да одите во канцеларија

Откако ќе се разбудите рано за да се подготвите за на работа, направете ја вашата утринска рутина и облечете се како да одите во канцеларија. Се разбира, не мора да носите костум, но не останувајте ниту во пижамите. Ние автоматски ги поврзуваме пижамите со удобност, одмор и спиење. Ако сте во пижами нема да бидете подготвени да работите и веројатно ќе го вклучите телевизорот за да проверите што се случува во вашата омилена серија. Шминката, доколку немате видео повици, слободно прескокнете ја и оставете ја кожата да се одмори.

Создадете продуктивна работна околина

Наместо да го вклучите ТВ-уредот и да легнете во фотелја со лаптоп во скутот, создадете пристојна работна околина. Седнете на биро како што би направиле во канцеларија, затоа што, освен што телото ќе ве боли ако осум часа седите во неудобра положба, туку и ќе бидете помалку продуктивни.

Прочитајте и: Ви откриваме какви се хороскопските знаци во работата

Создадете домашна „канцеларија” 

Дури и ако имате мал еднособен стан, би било идеално доколку во него организирате работен агол каде ќе биде вашата работна маса. Ако секој ден седите на различно место дома, ќе биде потешко да се фокусирате на работата, додека просторијата или аголот што ви служи како канцеларија ќе ја зајакнат продуктивноста затоа што со текот на времето, ќе започнете да ги асоцирате на работа.

Правете паузи

Кога работат од својот дом, луѓето често знаат дека тие работат подолго и повеќе отколку кога се во канцеларија. Ова може да доведе до „прегорување“, па паузите се исто толку потребни дома како кога сте во канцеларија.

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.