Ако редовно ги чистите овие 10 работи, немате зошто да се грижите за зараза: Евтин рецепт за најефикасното средство!

Ќе бидете сигурни со ова

Нема да се заразите дома, ако овие работи секогаш се чисти

Топлата вода и сапунот или детергент со леснотија ги отстрануваат нечистотиите и доволни се за отстранување на повеќето микроби.

Меѓутоа, во време на епидемија или ако во домот имате членови со послаб имунитет, сигурно ќе сакате да ги засилите мерките за одржување хигиена.

Домашна дезинфекција може да направите со обично евтино дезинфекциско средство. Направете го сами така што ќе измешате избелувач (хлор) со обична вода, и тоа во размер: 3 лажици избелувач (хлор) на 4 литри вода.

Не додавајте ништо повеќе во овој раствор, особено не оцет или амонијак.

Може да користите и раствор од алкохолен оцет или хидроген пероксид – или едното или другото – растворени во вода во сличен размер. Воопшто немојте да мешате оцет и хидроген.

Сипете го растворот во шише со распрскувач и задолжително отворете ги прозорците пред да почнете да прскате. Испрскајте ги површините што сакате да ги дезинфицирате и оставете ги да стојат испрскани три до пет минути.

Потоа, измијте ги и оставете ги да се исушат или избришете ги со сува крпа.

Задолжително применете ги и следниве мерки на претпазливост:

  • Ако користите купечка течност за дезинфекција, внимавајте воопшто да не ги вдишувате неговите испарувања.
  • Ако ги бришете работните површини во кујна, воопшто не спуштајте храна на нив додека бидат потполно суви.
  • Подгответе и крпи за бришење, такви што можете веднаш да ги ставите во машина за перење и исперете ги на програма со висока температура.

Ако мора да излезете од дома, кога ќе се вратите, задолжително пребришете ги следниве предмети:

1. Кваките на вратите и прекинувачите за светло.

2. Рачките на чантите и детските ранци.

3. Рачките на скалите и терасите.

4. Закачалките

5. Фиксниот и мобилниот телефон

6. Далечинските управувачи за телевизори

7. Клучевите и приврзоците

8. Рачките на чадорите и нивните футроли

9. Ракавиците – ако можете користете ракавици што се перат

10. Паричниците и несесерите

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.