Реклама што воодушеви многу жени дава вистински приказ на менструацијата

Без разлика дали сте маж или жена, големи се шансите да припаѓате на мнозинството кое е научено дека менструацијата е нешто срамно и нешто за што се зборува во шифри.

Но, розовите реклами во кои менструалната крв е сина и има криење тампони и влошки во хартиени кеси, полека стануваат минато. Жените од целиот свет се уморија да го прикажуваат сосема природниот процес како нешто од што треба да се срамат. Зборувањето за менструација не треба и не смее да биде табу, а тоа сѐ повеќе се рефлектира во филмови, серии и преку промотивни материјали.

Новата реклама на марката за менструални гаќи „Менибоди“ им се придружува на оние кои сакаат менструацијата да ја претстават како нешто реално и сосема природно. Новиот начин на менструација ја отсликува реалноста на менструалниот циклус; од дамки од крв на чаршави, грчеви, надуеност сè до испуштање на менструална крв на гаќички.

„Тие прават да се чувствуваме згрозено, да мислиме дека немаме друг избор, дека сме непријатни и неприродни во сопственото тело“, се слуша во еден дел од рекламата што сака да го приближи менструалниот циклус кон светот и да го покаже како што е навистина. На светот навистина му требаат повеќе реклами како оваа и повеќе луѓе кои истакнуваат дека нема ништо одвратно во женското тело – во кое било време од месецот.

Прочитајте и: Дали знаете кои состојки го зголемуваат либидото и го ублажуваат ПМС?

 

ФОТО: Screenshot YouTube

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.