Не сакате партнерите на вашите пријатели да присуствуваат на секој собир? Еве како да го заобиколите тоа

Совети за разговор

Ако партнерите на вашите пријатели и најблиски се добри луѓе кои ги сакаат, ценат и почитуваат вашите најблиски, треба да имате добар однос со нив.

Избраните на вашите блиски луѓе обично се луѓе кои ви одговараат и кои, по некое време, стануваат ваши пријатели. Но, тоа не значи дека тие мораат и треба да присуствуваат на секој настан и дружење што го имате со вашите пријатели. Сепак, ова се случува кај некои парови, особено на почетокот на врската. И додека желбата на вашите пријатели нивниот партнер да биде присутен на разни настани ќе биде нормална и природна, тоа може да ве вознемирува. Научете да им кажувате дека сакате да ги видите само нив на најбезболен можен начин.

Како да им објасните на блиските луѓе дека на некои собири ги сакате само нив?

Личноста кое го носи својот партнер на сите настани, без разлика дали станува збор за поинтимен собир или забава на која се поканети голем број луѓе, најчесто ќе се навреди ако нагласите дека не сакате нејзиниот партнер да присуствува на собирот. Не ѝ кажувајте дека нејзиниот партнер ве вознемирува. Кога се јавувате, потенцирајте дека сакате да одите на ручек само со неа и додадете дека ви недостасува дружење без други луѓе. Кажете дка некои работи можете да ѝ ги кажете само на неа и покажете благодарност што ја имате. За време и по собирот, кажете дека сте поминале убаво и заблагодарете ѝ се што издвоила слободно време само за вас.

Прочитајте и: 7 начини како успешните жени се справуваат со одбивањето

 

ФОТО: Unsplash

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.