Дали поскапите средства за сончање се подобри? Откриваме што се крие зад популарните летни митови

Што е вистината?

Летото е омилено годишно време, но има и многу митови кои кружат околу него. На пример, дали некогаш вашата баба ви кажала да не пиете вода после јадење цреши затоа што ќе ве боли стомакот? Или, некој пријател ве советуваше да купувате само скапи креми за сончање, бидејќи тие се едноставно подобри? Откриваме што се крие зад најпопуларните летни митови.

Поради жештината, алкохолот има посилен ефект 

Ова не е мит, туку факт. Кога пиеме на високи температури, алкохолот делува поинтензивно. Покрај тоа што делува посилно, имаме тенденција да пиеме многу повеќе алкохол во текот на летото затоа што сме жедни. Обрнете внимание на внесот, и задолжително консумирајте вода помеѓу одделни чаши.

Подобри се поскапите креми за сончање 

Дека поскапите креми за сончање подобро штитат е заблуда. Експертите истакнуваат дека скоро секоја крема за сончање добро штити од УВ зраци. Важно е да се обрне внимание на заштитниот фактор, како и на фактот дека на секои два до три часа треба повторно да нанесуваме крема за сончање.

После сладолед и цреши не смееме да пиеме вода 

Бабите и мајките честопати ни го зборуваа ова, но ниту едно истражување не покажало дека е вистина. Всушност, експертите дури истакнуваат дека би било добро да се напиете малку вода.

Експертите, пак, објаснуваат дека овој мит најверојатно се појавил од хигиенски причини кои всушност немаат никаква врска со пиење вода по консумирање сладолед или цреши. Во минатото, не се спроведуваше ригорозна контрола на производството на сладолед, и честопати децата не ги миеја добро црешите, па бактериите влегуваат во стомакот и предизвикуваат грчеви и болка.

И во сенка можете да добиете потемен тен 

Ова не е мит, туку факт. Можеби не изгледа така, но ќе потемните и под сенката. Експертите објаснуваат дека 50% од УВ зраците сепак достигнуваат и во сенка. Затоа, не треба да заборавите на кремите за сончање дури и во сенка.

Комарците сакаат слатка крв 

Секој од нас веројатно има една личност во своето друштво која делува како најдобра заштита за комарците – едноставно сите комарци одат кај неа. Слатка крв? Погрешно. Вистинската причина лежи во состојките во потта што некои луѓе ги произведуваат повеќе. Некои студии дури покажаа дека бремените жени и луѓето со прекумерна тежина со поголема телесна температура привлекуваат повеќе комарци. 

Влажен костим за капење може да предизвика воспаление на мочниот меур 

Мајките честопати ни велеа дека треба што побрзо да го соблечеме влажниот костим за капење затоа што „ќе настинеме“. Но, вистината е дека влажниот костим за капење навистина може да предизвика воспаление на мочниот меур. Влажната и студена облека го фаворизира ширењето бактерии, кои можат да стигнат до мочниот меур.

Прочитајте и: Витаминот Ц е победничката состојка за убавина во 2020 година: Чудо за кожата!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.