Наташа Беквалац призна: „Ме заболе желбата на ќерка ми“
Никогаш не е само една цигара...
Наташа Беквалац призна дека порок и’ биле цигарите. Пејачката вели дека се наоѓала во маѓепсан круг, дека постојано ги откажувала и им се враќала. По големиот стрес што го доживеала на 30 години, почнала да пуши.
Почнував добро, но друштвото ме влечеше. Ќе се погодеше атмосферата, ќе си кажев: само една, но никогаш не беше само една цигара. Еве, никогаш не сум била послаба, откако ги оставив цигарите, здравјето ми се подобри, а не ми се зголеми апетитот. Тоа е страшно чувство, кога детето го учиш да биде искрено и доследно, а самиот си порочен. Јас се криев од Хана. Ја излажав. И за да не ја нарушам сликата за себе, се криев. Ме заболе кога ја прочитав нејзината новогодишна желба, а која гласеше: Мама да ги остави цигарите“, откри пејачката во позната ТВ-емисија.
View this post on Instagram
I ne brini ,ne ne brini👭…#mojaprvaljubav#hana#nisisama #volitemamanajvišenasvetu🌎