На Ноќта на вештерките оваа година небото ќе биде осветлено од Сина месечина: Ќе се случи нешто неверојатно!

Ова се нема случено од Втората светска војна

Фото: Getty Images

Ако се погодат условите, овој феномен може да изгледа неверојатно

На Ноќта на вештерките на 31 октомври оваа година, ѕвездите на небото ќе добијат посебен сјај, бидејќи ќе ги осветли Сината месечина.

Овој редок феномен се повторува на секои две до три години. Секако, не станува збор за тоа дека месечината ќе свети во сина боја, туку се работи за полна месечина кога нејзината орбита е поблизу до Земјата од вообичаено, односно изгледа поголема и 30 отсто посјајна од обичната полна месечина.

Сината месечина ја означува појавата кога во еден месец ќе се појават две полни месечини, што ќе се случи на 1 и на 31 октомври.

Овој космички приказ се случува седум пати на секои 19 години, што значи дека следниот пат таа појава токму на 31 октомври, ќе ја видиме дури во 2039 година. Но уште поинтересно е тоа што Сината месечина ќе се гледа во целиот свет, првпат по Втората светска војна.

Идејата за Сината месечина, како и за втората полна месечина, првпат е спомената во магазинот Sky and Telescope во 1946 година во статијата со наслов Once in a Blue Moon на Џејмс Хју Пруит. Тој се осврнал на приказната од 1937 година токму за таа појава така што ѝ дал едноставна дефиниција.

„Седум пати во 19 години имаше и сè уште има 13 полни месечини во годината. Тоа значи дека има 11 месеца со по една полна месечина и еден месец со две. Втората полна месечина во период од еден месец, како што го толкувам, се вика Сина месечина, но тоа не значи дека ќе заблеска во сина боја“, напишал тој.

Експертите забележуваат дека условите на небото мораат совршено да се израмнат и да има големи честици на прашина или чад за да ја одржуваат нијансата, што го прави непредвидливо сознанието кога ќе се појави таков сјај.

Инаку, во 2020 година има уште една ретка појава. Оваа година ќе има вкупно 13 полни месечини на небото, додека во повеќето години обично има само 12.

Почнува најмоќниот астро-период и ќе трае сè до јануари 2021 година: Еве што го очекува секој хороскопски знак!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.