Мерилин Монро: Невообичаената диета и програмата за вежбање што ги следела филмската дива

Во 1952 година, Мерилин Монро ги претставила вежбите и диетата што ги практикувала, а кои се далеку од она што се пропагира денес.

„Нетфликс“ подготвува документарен филм со биографијата на Мерилин Монро, што е одличен изговор да се вратиме во времето кога врвниот секс-симбол „доминираше“ во светот со својата женственост и убавина.

Набргу по своето деби на големото платно, со низа романтични комедии, Мерилин Монро ја сподели својата рутина за фитнес со магазинот „Пеџант“.

Искрено никогаш не помислував да вежбам, моето тело го доживував како совршено, се’ додека почнав да размислувам за тоа“, рече таа на почетокот на интервјуто и додаде:

„Никогаш не ги сакав активностите на отворено, како тенис, голф или пливање. Секое утро, 10 минути правам вежби за зајакнување на мускулите со мали тежини, бидејќи знам дека тие работат за мене.“

Овие вежби беа и првото нешто што го правеше веднаш по миењето на забите и лицето.

Легнувам на подот покрај мојот кревет и ја започнувам мојата прва вежба. Ова е едноставна вежба која помага да се подигнат градите и се состои од кревање 2 кг со отворени раце, ги кревам над главата 15 пати, полека. Вежбата ја повторувам уште 15 пати. Потоа, раката ми е под агол од 45 степени додека правам кружни движења со теговите додека не се изморам. Не бројам во себе, не би можела да направам доволно повторување доколку би броела“, рече таа, опишувајќи ја својата вежба.

На прашањето „Што јадеш за појадок?“, Монро одговори дека става млеко да се топли додека таа се тушира. Додека е жешко, додава две свежи јајца, промешува и го пие овој необичен пијалак.

Каква беше нејзината вечера?

Секоја вечер застанувам во продавницата до мојот хотел и купувам месо, јагнешко или говедско. Го приготвувам со 4 до 5 свежи моркови. Ова е мојата вечера. Никогаш не мисе здосадува свежиот морков,  делумно се чувствувам како зајаче“, вели таа, нагласувајќи дека најважен е добариот сон пред сè.

Во зависност од обврските, актерката спиела од 17 до 22 часот секоја вечер.

Спијам во француски кревет, без пижами и ноќница. Ми пречат, за време на спиењето го носам само мојот парфем, Шанел No 5“.

Прочитајте и: Ви откриваме: Еве што јаде и како тренира Цеца Ражнатовиќ

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.