Сепак не било сè така идеално: Алекс Родригез не е единствениот прељубник во врската со Џенифер Лопез

Џеј Ло не била „светица“

Светската јавност буквално се шокира од веста дека Џенифер Лопез и Алекс Родригез ја раскинале свршувачката, бидејќи важеа за една од најхармоничните двојки меѓу познатите.

Оттогаш, латино-дивата и поранешниот бејзбол-играч не престануваат да ги полнат медиумите со пикантерии од нивната, па и не толку хармонична врска… многу повеќе е интригантна…

Се сакаат, па не се сакаат – вака медиумите ја опишуваат врската помеѓу 51-годишната пејачка и 45-годишниот спортист, кои во официјалното соопштение објасниле дека остануваат пријатели по раскинувањето.

Иако во неколку наврати пред раскинувањето се пишуваше за наводните измами на Алекс, кои, како што многумина веруваат, на крајот ѝ пресудија на врската со Џеј Ло, споменатите медиуми сега наведуваат дека и пејачката не била „невина“…

Алекс продолжува да ја поддржува Џенифер на социјалните мрежи, но свесен е дека неговата поранешна флертуваше со други мажи во последните неколку недели. За да го спречи да направи нешто од љубомора со што би можел да ја повреди, Џенифер одлучи да се сретне со него и да разговара бидејќи и таа не беше ‘светица’ во врската. Разбирливо, таа претпочита да се пишува за неверствата на Алекс отколку за нејзините“, изјавил извор за „Хит“.

И покрај тоа што сè уште имало тензии помеѓу бившите свршеници, сепак одлучиле дека за доброто на децата, 13-годишните близнаци Ема и Макс, и ќерките на Алекс, 16-годишната Наташа и 13-годишната Ел, ќе продолжат да ‘прават шоу за публиката’, но меѓу нив дефинитивно веќе нема нешто, пренесува неименуван извор.

Сфативме дека сме подобри пријатели и со нетрпение очекуваме да останеме такви. Ние ќе продолжиме да соработуваме и да се поддржуваме еден со друг во нашите заеднички работи и проекти“, објавија тогаш во заедничко соопштение.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alex Rodriguez (@arod)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.