ЛИЛА ФИЛИПОВСКА ИСКРЕНО „На докторот му кажав – Докторе, пред канцерот јас бев сосема здрава, а тој ми одговори: И по ова ќе бидеш здрава!“

Секогаш борец!

Во најновиот број на магазинот „Убавина и здравје“, најпопуларната водителка Лила Филиповска отворено зборува за својата борба против канцерот на дојка.

По темелните дијагностички испитувања, вториот чекор од моето лечење беше операцијата. Побарав неколку мислења и по консултацијата со менаџерот Кадир Аруч, одлучив да му се доверам на д-р Фатих Ајдован, онколог и хирург од „Меморијал хоспитал“ (memorial.com.tr) во Истанбул, открива водителката на „Се’ или нешто“ за читателите на влијателниот магазин.

Фото: Дарио Јанковиќ

Тој е докажан и ценет хирург, професионалец но, пред сè, човек со неверојатна емпатија и разбирање. Со својот човечки пристап ми влеа неверојатна доверба и немав никаква дилема и страв – едвај чекав да дојде моментот и да ја направам операцијата. А болницата е посебна приказна.

Прво, воопшто не личи на болница, има обучен професионален персонал, секогаш има задолжен преведувач кој ќе те носи таму каде што треба, без метежи, без никакво чекање, опремена според најновите стандарди. Никогаш нема да заборавам кога му кажав на докторот: „Докторе, пред ова јас бев потполно здрава“, а тој ми одговори: „И по ова ќе бидеш потполно здрава“.

Операцијата траеше 5 часа и помина успешно. И додека некои мислеа дека во Истанбул сум на шопинг, јас бев на операција. Иако, морам да ви кажам, неколку дена по операцијата морав да чекам да ми ги извадат дреновите, но јас не лежев туку шетав низ Истанбул со другарка ми и со три дрена во џебовите, искрена е популарната водителка.

Остатокот од ексклузивното интервју на Лила Филиповска можете да го прочитате во новиот број на „Убавина и здравје“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на порталот www.ubavinaizdravje.mk Преземање авторските фотографии е дозволено само со устен или писмен договор со порталот. Во спротивно, следуваат правни мерки.

 

ИСКРЕНО СО ЛИЛА ФИЛИПОВСКА: „Канцерот ми го смени животот, но не и мојата вредност!“

Текст: Марија Лукаревска

Фотографија: Дарио Јанковиќ

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.