ЛИЛА: „Бог ми даде неверојатна сила за која не бев ни свесна дека ја поседувам“

„Првата помисла ми беше: дали е ова мојот крај? Уште колку имам? Потоа се сетив колку многу жени има што ги познавам и кои излегле како победници од оваа битка.“

Никој не знаеше дека нашата популарна водителка Лила Филиповска води битка со подмолната болест… никој, освен најблиските. Таа повеќе од една година молчеше дека ѝ е дијагностициран канцер на дојка, за што првпат проговори во ексклузивното интервју за „Убавина и здравје“. Па, како успеа да функционира како ништо да не се случува?

Уште на почеток одлучив дека нема да зборувам за болеста и дека нема да кажувам на никого, освен на најблиските. Тоа беше моја одлука. Ми требаше мир. Немав сила да зборувам за тоа додека ми трае лекувањето. Затоа, продолжив да живеам и да работам како ништо да не се случува. Признавам, воопшто не беше лесно, но Бог ми даде неверојатна сила за која не бев ни свесна дека ја поседувам. Секако, непресушна енергија ми беа и љубовта на син ми, сестра ми, брат ми, мајка ми и моите прекрасни пријатели, раскажува водителката на „Сè или нешто“, која им е инспирација на голем број жени што се соочиле или се соочуваат со подмолната болест.

Фото: Дарио Јанковиќ

Првата помисла ми беше: дали е ова мојот крај? Уште колку имам? Потоа се сетив колку многу жени има што ги познавам и кои излегле како победници од оваа битка, открива Лила, која извојува победа и над овој предизвик во животот.

Фото: Дарио Јанковиќ

Се чувствувам одлично, победнички! Последниот пет-скен покажа дека канцерот се повлекол и дека сум здрава! Имам измешани чувства. На моменти се смеам гласно, па ќе ми надојдат солзи… Повеќе од една година бев во постојана неизвесност и сонував за овој момент кога докторите ќе ми кажат: „Лила, во оваа битка ти си победникот!“ За среќа, го дочекав тоа.

Комплетниот разговор со Лила Филиповска за нејзината борба против ракот можете да го прочитате во новиот број на „Убавина и здравје“.

ИСКРЕНО СО ЛИЛА ФИЛИПОВСКА: „Канцерот ми го смени животот, но не и мојата вредност!“

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на порталот www.ubavinaizdravje.mk Преземање авторските фотографии е дозволено само со устен или писмен договор со порталот. Во спротивно, следуваат правни мерки.

Текст: Марија Лукаревска

Фото: Дарио Јанковиќ

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.