Јелена Карлеуша се смири со Ана Николиќ и Аца Лукас: По бескрупулозната плукотница, љубовта цути – Како?

На естрадата чудата се возможни!

Војните на Јелена Карлеуша, како што е веќе познато, имаат рок на траење, а последните информации го поткрепуваат ова тврдење.

Очигледно популарната пејачка се смирила со Ана Николиќ и Аца Лукас по многубројните брутални навреди кои си ги разменија.

Ако ѕирнете на инстаграм-профилите на споменатите пејачи, ќе забележите дека повторно се следат на споменатата социјална мрежа.

Госпоѓата „вагина монолози“ нека посети некој добар психијатар за почеток. Видовме сè што има на располагање. Таа е тежок психијатриски случај – неодамна напиша Николиќ за Јелена, која не ѝ остана должна…

За жал, деновиве сите сме сведоци на тажното однесување на некогаш прекрасната личност и поранешна ѕвезда Ана Николиќ. Нејзиното опкружување, пријателите и новинарите на кои им дава интервјуа се главно во пеколот на наркотиците и тоа на најлош можен начин влијае на „поделената личност“ на Ана. Тоа е пат без враќање. Не го пишувам ова поради секојдневните јавни навреди на моја сметка од нејзина страна, навикната сум на тоа. Не реагирам од сожалување. Го пишувам ова затоа што, човечки и искрено, се плашам од најлошото за неа. Ако продолжи вака, можеби нема да го доживее концертот што го најавува…. Луѓе, нема ли кој да ѝ помогне на оваа несреќна жена.

Исто така, Лукас и Карлеуша безмилосно се плукаа со години, а очигледно на естрадата тенка е границата помеѓу љубовта и омразата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.