Јована Јеремиќ призна што сака да добие од Драган за Денот на вљубените: Сите ги разнежни нејзиното барање!

Слатко...

Водителката Јована Јеремиќ вчера се појавила на прослава во Белград, а друштво и правел нејзиниот партнер, бизнисменот Драган Станковиќ.

Јеремиќ била расположена да разговара со новинарите за нејзиното ново момче, па открила како планираат да го поминат Денот на вљубените на 14 февруари.

„Со Драган ќе одиме на забава, одиме на роденден на пријател и таму ќе го прославиме денот на вљубените. Драган ме радува секој ден со нешто, но за мене најголем подарок е кога е со мене. Затоа, единствено ми е важно на 14 февруари да сме заедно и да ја пуштам сликата, која ќе ја пренесете на порталите“ – низ смеа изјавила Јована.

Тие двајца дури и тренираат заедно, а Драган, како што истакнува, и е мотивација и во тоа.

„Тренирам толку многу што можам да одам на Олимпијада. Драган и јас тренираме заедно, ме бодри. Тој игра тенис и навистина е човек кој многу тренира и се грижи за себе, исто како мене. Ние сме идентични. Се навикна на мојата популарност, ужива. Да му пречеше немаше да бидеме заедно. Тој е тип на маж кој сака да има жена во која сите гледаат. Вакви мажи избирам“ – истакнала водителката.

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.