Раперката Ајс Спајс на Супер Боул го покажа „ѓаволскиот знак“, па го фати крстот: Нејзиното однесување ги потресе фановите! (ВИДЕО)

И на неа славата и удрила во главата...

Фото: AP/Tanjug

Неодамна се одржа уште едно спектакуларно финале на „Супер Боул“ на кое присуствуваа голем број ѕвезди од различни сфери, а најголемо внимание привлече контроверзната раперка Ајс Спајс.

Раперката времето го поминала во друштво на Ешли Авињон, Тејлор Свифт и Блејк Лајвли и во секој случај било невозможно да не биде забележана.

Освен со изгледот, вниманието го привлекла и со својот стајлинг бидејќи носела тесен комбинезон од новата колекција на „Balenciaga“, украсен со логото на брендот.

Деталот што таа го додала на својот изглед, ланче со крст обложен со дијамант, особено го привлекол вниманието кога камерата во еден момент ја фатила Ајс како мавта со рацете додека го покажува „знакот на ѓаволот“, а потоа го допира и си игра со крстот околу нејзиниот врат.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.