Дали претера овој пат? Додека Карди Би се моткаше низ кујната, цело внимание го привлекоа нејзините неверојатно долги нокти (ВИДЕО)

И това го видовме!

Карди Би не бара практичност – нејзините нокти оваа сезона се’ уште подолги.

Откако Карди Би застана на сцената, кај многумина вниманието го привлекоа нејзините необични стајлинзи, но и изборот на маникирот. Имено, раперката сака ноктите да ѝ бидат екстравагантни, како според бојата и шарите, така и според должината. Кога зборуваме за должината на нејзините нокти, изгледа не постои граница.

Во најновото видео на Тик Ток, Карди се појавува со виолетово-розова коса и ја приготвува напивката што ја предлага за празниците. Меѓутоа, ѕвезда во видеото се нејзините нокти. Обоени во светловиолетова нијанса, толку долги, што е вистинско чудо како успева со нив да ја направи напивката.

@iamcardibI PROMISE YOU! The best holiday drink🎄🎁……That peppermint whip shot hitting different!♬ original sound – Cardi B

Многу фанови во коментарите ја пофалија за нејзиниот изглед и енергија, а имаше и такви што се чудеа:

Како успеваш да функционираш со толкави нокти“, се запраша еден од нив.

„Убаво изгледаш, но како ја одржуваш хигиената со тие канџи… Ако знаеш на што мислам“, додаде еден корисник.

Како и да е, изгледа дека на Карди не ѝ пречат, па дури користи и нож за да го промеша шејкот кој го има направено.

Иако порано се чинеше дека нејзините нокти се предолги, изгледа дека тоа било само „загревање“ за новата должина.

Какви се вашите впечатоци?

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.