Македонска раперка влезе во „Задруга 6“: Нејзината животна приказна ги расплака сите!

Шоубизнис

Дијана Дурлевиќ, нашата македонска талентирана раперка, од вчера се приклучи на „Задруга 6“, а нејзината животна приказна ќе расплаче многумина.

„Јас сум Дијана Дурлевиќ, Дијана О.Г., доаѓам од Скопје. Имам извадено книга и почнав да правам музика. Имав убаво детство бидејќи баба ми ме одгледа за 10 родители. Моите родители се зависници, благодарна сум што ме израсна баба ми. Најмногу ме нервира кога некој ме прави будала. Ако некој ме нокаутира, може да очекувате и физички контакт. Сакам мажи, но се што е убаво е пријатно за око… Се надевам дека ќе биде интересна сезона“, изјавила Дијана.

„Почестена сум како ме најавивте. Ќе бидам реална, без лаги и измами“, изјави Дијана.

„Слободна влегуваш?“, ја праша водителката.

„Да. Не сум за врска во моментов, но ќе видиме. Немав време да ги испитам и анализирам. Не ми се додворуваа затоа што знаат дека немаат пристап. Треба да биде искрен како мене и да не е некој барон“, изјавила Дијана.

„Таа е кул, многу талентирана. Таа има став и многу добро ќе се снајде. Мислам дека многу ќе се расправа, луѓето можат да очекуваат се и сешто од неа“, изјави Ненад.

Среќно Дијана!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.