5 работи што не треба да ги правите после секс!

Постојат навики кои треба или да ги отстраните или исправите…

Вистина е дека после секс мразите да размислувате, освен да се чувствувате добро и опуштено, но сепак треба да внимавате на некои работи.

За време на сексот вагиналното ткиво е изложено на триење, тоа е отечено и влажно, па затоа се менуваат и реакциите на кожата во таа област. Исто така се зголемува ризикот од инфекција.

За да не ви се случи ова, ви предлагаме да прочитате кои работи не смеете да ги правите после сексуалниот однос:

1. Не заборавајте да одите во тоалет

Кога ќе дојде до пенетрација, бактериите од вагината можат да се преселат во мочниот меур. Ова резултира со инфекција на мочниот меур после секс. Едноставно направете брз пат до тоалетот, мочајте и вратете се на гушкањето. Не заборавајте да се избришете правилно!

2. Не смеете да ја миете вагината со сапун

Некои жени мислат дека е добра идеја да се мијат со средство за чистење на кожата после секс. Но, тоа е сосема непотребно. Не само што може да доживеете алергиска реакција, ако вашата кожа реагира поинаку на силните хемикалии во производот по сексот, туку сапунот може да доведе до сувост и иритација на вагината. Бидејќи вагината е орган кој сама се чисти, не и се потребни дополнителни „чистачи“. Само исплакнете ја со чиста, обична вода.

3. Не смеете да заспиете со вашата секс долна облека

Памучната долна облека е во ред бидејќи и овозможува на кожата да дише, но долната облека изработена од материјали како полиестер или синтетика е големо не-не. По сексот, кожата е топла и влажна поради вагиналниот секрет и спермата. Синтетичките алишта ја задржуваат влагата и го зголемуваат ризикот од габични инфекции. Затоа дајте воздух на вашата вагина – или спијте без гаќички или носете памучна долна облека.

4. Не одете во џакузи

Уживањето во меурчиња после секс можеби звучи како добра работа, но тоа е лоша идеја. Кога вашата вулва отекува од стимулација, го изложува вагиналниот отвор, што значи дека имате поголеми шанси да добиете инфекции. Доколку сте во џакузи со партнерот, тоа значи дека сте изложени на бактерии од неговата кожа и анус. Исто така, продолжената изложеност на вода ја намалува ефикасноста на антимикробната бариера што се наоѓа на вашата кожа.

5. Не смеете да ја бришете вагината со влажни марамчиња

Ако сте чувствителни на хемикалии како алкохол, глицерин, мириси и одредени масла, користењето влажни марамчиња после секс може да предизвика иритација бидејќи сте почувствителни на проблеми со кожата. Симптомите вклучуваат црвенило, оток, чешање и осетливост. Доколку сепак сакате да се избришете со нешто друго освен со класична тоалетна хартија, тогаш направете свои лични влажни марамчиња со помош на оцет и вода.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.