Дали со кафето ги кршиме правилата на постот: Ќе се изненадите, речиси сите грешат
Таквите супстанции можат да предизвикаат поафективно однесување и понервозни реакции, што не е во согласност со физичката и духовната апстиненција
Велигденскиот пост е во тек, а многу верници се убедени дека пиењето кафе без млеко е во согласност со правилата. Во суштина, кафето е посен пијалок бидејќи е од растителна основа.
Но, гледано од друг агол, не е баш така. Кафето содржи кофеин, кој е еден вид психостимулант. Ваквите супстанци можат да предизвикаат поафективно однесување и понервозни реакции, што не е во согласност со физичката и духовната апстиненција.
Исто така, со пиење кафе се постигнува лачење на норадреналин, кој делува така што го забрзува чукањето на срцето, ги шири зениците и го зголемува мускулниот тонус. Ова се и еден од симптомите на зависност – секоја зависност е голем грев.
Затоа, можно решение би било пиење кафе без кофеин. Исто така, за сите ваши сомнежи, најдобро би било да се консултирате со свештеникот од вашата парохија.
Коментарите се заклучени.