Ставете ги овие магични состојки во вашето кафе и забрзајте го метаболизмот!

Кафето е дефинитивно омилениот утрински пијалок

Како прво, кафето веднаш го зголемува нивото на енергија и ве подготвува за напорниот ден. Второ, содржи низа други здравствени придобивки, како што е подобрување на метаболизмот, а кога се консумира во умерени количини, го штити и вашето срце. Но, малкумина знаат дека вашиот омилен утрински пијалок може да се претвори во моќен согорувач на маснотии со додавање на неколку вообичаени состојки како кокосово масло, цимет и мед.

Ако ги измешате овие состојки во кафето, лесно ќе изгубите некој килограм без да мора да ја менувате исхраната или начинот на живот. Зошто оваа комбинација е толку моќна?

За почеток, циметот е моќно антиинфламаторно средство кое го намалува воспалението во телото. Покрај тоа, тој е полн со антиоксиданси, што значи дека ги неутрализира негативните ефекти на слободните радикали. Исто така, го намалува нивото на шеќер со зголемување на метаболизмот на шеќерот во крвта. Го поддржува разградувањето на шеќерот, кој се претвора во енергија. На овој начин, циметот го спречува таложењето на маснотии во вашето тело.

Кокосовото масло е уште еден подарок од природата кој главно се состои од масни киселини кои дигестивниот систем веднаш ги испраќа до црниот дроб. Доколку не се претворат во енергија, тие се трансформираат во кетонски тела, што значи дека не се складираат како масти. Најдобрата придобивка за слабеење од кокосовото масло е тоа што природно го „присилува“ метаболизмот поефикасно да согорува масти.

Можеби медот е полн со шеќер, но ова е природниот шеќер од кој телото зависи за енергија. Медот е богат и со важни минерали како натриум, железо, цинк, калциум, калиум и фосфор. Покрај тоа, медот содржи ниацин, фолна киселина, витамин Ц, рибофлавин и витамин Б6. Се покажа дека е многу корисен за регулирање на нивото на холестерол во крвта и намалување на стресот. Бидејќи процесот на согорување на маснотиите во телото во голема мера зависи од минералите и витамините, медот обезбедува есенцијални хранливи материи и на тој начин го спречува недостатокот на минерали или витамини во телото.

Потребни состојки:

½ чаша мед
¾ шолја кокосово масло
1 лажица цимет

Направете добро изматена паста со мешање на сите состојки. Смесата чувајте ја во стаклен сад и во фрижидер. Додадете 1-2 лажички од смесата во шолја сварено кафе. Добро измешајте и уживајте во утринската шолја кафе што согорува маснотии!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.