ВИКЕНД ХОРОСКОП: Биковите ќе имаат непријатни разговори, водолии-туѓото мислење не треба да ве интересира!

Астро-прогноза

Како ќе ви бидат наклонети ѕвездите во текот на викендот?

Овен

Во текот на викендот имате можност да ги завршите проектите кои сте ги започнале и свежи да ја започнете новата недела. Имајте трпение, трудот ќе се исплати.

Бик

Ве очекува разговор кој би можел да биде непријатен. Но, одвојте време за размислување и на фин начин решете ги несогласувањата.

Близнаци

Наградата за трудот кој сте го вложувале во текот на целата недела би можела да пристигне токму овој викенд. Посветете време на себе и уживајте во она што сте го постигнале.

Рак

Ќе бидете добри на зборови, а расположението ќе ви биде на високо ниво. Опкружете се со позитивни луѓе и уживајте во деновите кога не сте на работа.

Лав

Лавовите овој викенд ќе размислуваат за промена на работата. Ситуацијата не е поволна. Почекајте додека не направите подобри финансиски услови.

Девица

Девиците можно е да имаат проблеми во љубовните односи. Не покажувајте веднаш незадоволство, туку почекајте да се смири ситуацијата.

Терезија

Останете реални, илузиите би можеле да ве извадат од колосек. Ова е идеален период за добро да размислите за следните чекори.

Скорпија

Би можеле да се запрашате дали сте погрешиле во нешто, што би предизвикало стравови – како приватни, така и деловни. Останете прибрани и фокусирани на добрите работи.

Стрелец

Ќе ви се наметнуваат туѓи мислења. Би можела да ве дочека вест во врска со работата, но, совладајте ја суетата и прифатете ги советите од соработниците.

Јарец

Ќе бидете на неколку страни, што може да доведе до тоа да не знаете на што да се посветите. Следете го чувството и не размислувајте за ништо негативно.

Водолија

Не обрнувајте внимание на злонамерните коментари од опкружувањето. Станува збор за личности чии интереси немаат допир со вашите, па затоа нивните мислења не треба многу да ви значат.

Риби

Доаѓате до момент да се запрашате дали помалку време ќе посветите на приватниот или деловниот живот. Сепак, вашите идеи и можности за брзо размислување ќе ви покажат што е најдобро за вас во таа ситуација.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.