Лепа Брена: „Не ми е гајле како изгледаат, поважно ми како зрачат луѓето“

Пејачката ужива во зрелите години и не би сакала да се врати во младоста

Иако е правило жените да не се прашуваат колку години имаат, популарната Лепа Брена нема проблем да каже дека го прославила 59-от роденден.

Таа своите години гордо ги носи, бидејќи е остварена во сите сфери – мајка е на два возрасни сина Виктор и Стефан, а нејзината кариера е достојна за добро филмско сценарио.

Во разговорот со хрватското издание на „Глорија“, Лепа Брена открива дека 50-тите години и’ донеле среќа и стабилност во животот.

Стабилност, среќа и задоволство што ги исполнив сите мои сништа. Како родител, со Боба направив се’ нашите деца да бидат сакани, да стекнат самодоверба, добро воспитување и образование, како и работни навики. А професионално најмногу ме радува што брендот Лепа Брена не го загуби кредибилитетот ни по 38 години и што остана синоним за добро расположение, веселба, оптимизам и забава“, истакна Брена, додавајќи дека не се плаши од староста и дека нема против естетските корекции, но конкретно овие:

 

 

View this post on Instagram

 

14. I 15. 12.Zagreb💜😉🙏💋

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa) on

Јас сум за минимално инванзивните корекции. Понекогаш се нужни, но не мора сите да изгледаме исто. Освен тоа, претерувањето води во опсесија, болест и во зависност. Сметам дека жените многу повеќе би требало да работат на внатрешното битие и на духовноста, а не само на надворешниот изглед. Сакам весели и насмеани луѓе со добра енергија – не ми е гајле како изгледаат, многу ми е поважно како зрачат“, вели Брена за „Глорија“.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.