Обувките на Ким Кардашијан станаа вирален хит: Вакво нешто немате видено! (ФОТО)

Чевлите се некаква чудна мешавина од патики, кломпи и шлем за велосипедисти, грди и чудни, особено на нејзините стапала

Ким Кардашијан многу добро знае како да ги привлече обожавателите и да им ги пласира вестите од своето семејство, да им ги продаде најновите производи од својот бренд, но изгледа понекогаш објавува на Инстаграм и фотографии за кои нема поим каква реакција ќе предизвикаат.

cipele kim kardašijan

Една од таквите фотографии настана во Јапонија. Имено, на неа Ким позира со ќеркичката Чикаго пред една традиционална јапонска куќа.

Фотографијата требаше да биде само мал детаљ за паметење од семејното патување, но нејзиниот моден избор им го окупира вниманието на нејзините следбеници на Инстаграм.

 

 

View this post on Instagram

 

Chicago in Tokyo

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Никој не можеше да остане имун на обувките на Ким Кардашијан! Или можеби на патиките? Кломпите? Бизарниот футуристички дизајн на чевлите на убавата Ким стана хит на интернет наместо симпатичен спомен од патувањето.

Уште еднаш, американската стралета стана предмет на општо задевање на социјалните мрежи, а нејзините необични обувки – вирален хит.

cipele kim kardašijan

Инаку, станува збор за обувки што ги дизајнира нејзиниот сопруг Канје Вест – патики од пена за трчање –Yeezy , со кои Ким искомбинира сребрени панталони.

Чевлите беа премиерно претставени пред неколку месеци и опишани како комбинација од патики на навлекување и кломпи.

Имаат мрежеста структура, па заработија голем број критики и зајадливи коментари дека изгледаат како шлем за велосипедисти, деформирани кломпи Crocs или како цедалка за тестенини.

Фото: Getty Images, Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.