Ако се прашувате дали ве сака: Еве 5 знаци дека сте во центарот на неговиот свет

Забележете ги!

Дури и кога нештата одат одлично…

Дури и кога нештата одат одлично, често се случува да се прашувате себеси како се чувствува другиот. За среќа, постојат многу знаци кои го покажуваат тоа, а единствено што треба да направите е да ги забележите.

Фокусирајте се на овие пет знаци и дознајте дали сте во центарот на неговиот свет:

Прави планови – доколку личноста со која сте во врска прави долгорочни планови со вас, значи дека е посветена на врската и односот меѓу вас. Значи дека не планира да замине наскоро.

Ве почитува – доколку покажува почит, ве третира како достоен соговорник и еднаков партнер во врската, тогаш голема е веројатноста дека се грижи за вас и ве сака.

Внимава на вас – можеби ви остава доволно слобода, но сака да знае како сте и ве потсетува кога имате важни настани или пак се грижи кога сте настинати.

Искрен/а е – доколку не сте го/ја фатиле во лага и верувате во него, тогаш ве сака вистински и сака да изгради врска и иднина базирана на доверба.

Ве заштитува – прави напори да ви помогне и се однесува заштитнички кон вас во многу ситуации.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.