Нутриционист: Овие три намирници го намалуваат ризикот од деменција, втората ретко кој ја јаде (видео)

Преполни со антиоксиданси...

Една од нив е здравата исхрана…

Стапките на деменција речиси тројно ќе се зголемат во следните децении, според Светската здравствена организација (СЗО). Но, и покрај лошата прогноза, постојат начини на кои можеме да го намалиме ризикот од оваа состојба. Една од нив е здравата исхрана, па нутриционистот Нахид Али откри три намирници кои можат да го намалат ризикот од развој на деменција.

Бобесто овошје
Преполни со антиоксиданси кои ги штитат мозочните клетки од оштетување, бобинки се неверојатна храна за мозокот, според нутриционист.

„Секогаш сакам при рака да имам мешавина од боровинки, малини и капини бидејќи секоја боја има свои заштитни соединенија. Доволни се грст или две дневно. Можете да ги додадете во овесна каша, јогурт или само да ги јадете како ужина“, изјави Али за Дејли Експрес.

Риба
Познато е дека рибата има моќни ефекти врз мозокот, односно масните риби како лососот и туната се богати со омега-3 масни киселини, кои се неопходни за функционирањето на мозочните клетки. Нутриционистот објасни дека омега-3 масните киселини помагаат и во намалување на воспалението во мозокот, кое е поврзано со деменција. Но, тој препорача да се внесува риба во исхраната два до три пати во текот на една недела.

Јаткасти плодови
Богати со здрави масти, протеини и влакна, јаткастите плодови се одлични за здравјето на мозокот.

„Истражувањата покажуваат дека оние кои редовно јадат јаткасти плодови имаат тенденција да останат здрави како што стареат. Сепак, важно е да се внимава на големината на порциите, бидејќи јаткастите плодови се калорични“, вели Али.

Иако ниту една од овие намирници не е загарантиран лек, нутриционистот тврди дека малите и здрави промени во исхраната можат многу да помогнат во одржувањето на нашиот мозок здрав.

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.