Конечно: Провокативно издание на Цеца Ражнатовиќ (ФОТО)
Одамна ја немаме видено ваква
Цеца Ражнатовиќ (47) вредно работи на своето враќање на музичката сцена. Популарната пејачка почна да настапува по паузата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, а почна и да снима нов материјал.
Она што посебно ги израдува нејзините многубројни обожаватели е новата фотосесија, на која ја гледаме во различно светло од она во кое сме навикнати да ја гледаме последниве години.
Дива, провокативна, гламурозна и секси – тоа е Цеца што ја гледаме на видеоклиповите и фотографиите објавени на Инстаграм. Исто како што беше порано… А кој би рекол дека му е „баба“ на малиот Жељко?
Фото: Инстаграм