Наташа Беквалац ги покажа тазе „боцканите“ усни во најавата на својот концерт (ВИДЕО)

Сензуално

Популарната пејачка Наташа Беквалац никогаш не криела дека оди на козметички третмани за да го задржи убавиот и младешки изглед што е можно подолго, земајќи предвид дека за десетина дена ќе влезе во петата деценија од живот, полнејќи 40 години.

Рака на срце, новосадската барбика изгледа најдобро досега, а тоа го потврдува и најновото видео објавено на нејзиниот инстаграм-профил, со кое го најави концертот на својот јутјуб-канал.

Она што нам ни падна в очи се зголемените усни на Наташа, а дали се дел на вешта шминка или на вештите раце на докторот што ја боцкал инјектирајќи ѝ колаген во нив – не ни е познато. Она што е евидентно е дека усните и се подебелки… и посензуални.

 

Видео: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.