Крај: Омилениот Бали бег повторно слободен: Бурак и Фахрие се разведуваат

Толку беше

Турските медиуми пренесуваат дека Бурак Озвивит и Фахрие Евчен се разведуваат!

Имено, проблемите во нивниот брак  започнале откако Фахрие паднала во депресија поради смртта на татка си и не сакала да ги прифати советите и препораките на Бурак да побара стручна помош додека тој се грижел за нивниот син.

Според извор близок до парот, сопружниците не можеле да најдат заеднички јазик и за воспитувањето на 1-годишниот Каран, затоа што секој сакал да го воспитува својот син на свој начин.

Бурак, наводно, веќе немал трпение за однесувањето на неговата сопруга, но таа, како што велат, е подготвена на сè за да го задржи, па решила кариерата да ја стави на пауза.

Актерската двојка ја освои публиката во турските серии, а тие се заљубија на снимањето на една од нив. Подоцна го снимија филмот „Љубовта личи на тебе“, а јавноста во тоа време дозна дека се во врска. Се венчаа во 2017 година во Истанбул по четиригодишна врска, а минатата година го добија синот Каран.

Страста се разви меѓу нас веднаш штом се запознавме, тоа беше посебна енергија. Откако го направивме филмот заедно, нашата врска стана посилна и подлабока“, објаснил еднаш Бурак.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.