Кендал Џенер плачејќи се враќала дома поради ова (ФОТО)

Манекенката објави фотографија на која има 13 години

Фото: Getty Images

За разлика од својата помлада сестра Кајли Џенер (22) која драстично се смени во физичка смисла, и тоа не благодарение на мајката-природа, популарната манекенка Кендал Џенер (23) одлучи да учествува во предизвикот што владее на Инстаграм, а во рамките на кој корисниците објавуваат свои слики стари 10 години – #10yearschallenge.

Младата Кендал наместо уште една совршена фотографија објави помалку атрактивна фотка на која изгледа доста различно од сега. Симболично и во знак на поддршка за сите што ги мачи истиот проблем како и неа, манекенката се потсети на биткта што ја водела кога имала 13 години – со акни на лицето.

Тогаш имав 13 години и секој ден се враќав дома плачејќи поради тоа што луѓето зјапаат во мојата кожа“, откри Кендал Џенер, која денес важи за една од најубавите светски манекенки.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.