Алекс Родригез објави „жешка“ фотка од Џеј Ло во минијатурни бикини (ФОТО)

Обожавателите воодушевени

Џенифер Лопез неодамна настапи во Москва, а по повод одличниот настап на својата свршеница во главниот град на Русија, се огласи и нејзиниот свршеник Алекс Родригез.

Имено, тој на својот инстаграм-профил објави „жешка“ фотка од Џеј Ло, на која позира во минијатурни бикини.

Знам дека ‘убиваш’ во Русија и дека имаш уште еден концерт докрај. Ми недостасуваш, едвај чекам да се вратиш“, напиша поранешниот бејзбол-играч.

Обожавателите што го следат Родригез се воодушевија од поддршката што и’ ја дава на својата идна сопруга во нејзината кариера.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.