Скандалозната афера со лажни следбеници го тресе светот: Славните личности – разоткриени!

Кој би рекол дека купуваат следбеници...

Институтот за модерен музички перформанс од Велика Британија ги анализирал профилите на познатите личности и резултатот е мошне шокантен, пренесува порталот „Стори.рс“.

Имено, на првото место се нашла водителката Елен Деџенерис, која ја следат 74,4 милиони луѓе, од кои дури 58% се лажни профили.

На второто место е популарната пејачка Кети Пери, со 53% лажни следбеници, а веднаш зад неа е Кортни Кардашијан, која има вкупно 80 милиони следбеници, од кои 49% се лажни. 

Ист број ботови има и Тејлор Свифт, чија вкупна бројка изнесува 119 милиони следбеници. Зад неа се корејските суперѕвезди BTS – тие имаат 19 милиони следбеници, од кои 49% се лажни.

Следуваат Мајли Сајрус (47%), Аријана Гранде и Пријанка Чопра (46%), а на десеттото место е Крис Џенер со 45%.

Од сестрите Кардашијан-Џенер, Клои и Ким имаат 44% лажни следбеници, Кендал Џенер има 33%, а најмалку – 31% има моментално најуспешната сестра Кајли Џенер.

Фото: Guliver Getty Images
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.