Доколку го забележите ОВОЈ ДЕТАЉ на вашето лице, ве очекува БОГАТСТВО – Еве како да проверите КАКВА е вашата судбина

Научните студии дојдоа до заклучок.

Според најновите истражувања, обликот на усните и веѓите го одредува мислењето на другите луѓе, односно врз основа на ова тие проценуваат колку сте богати.

Тесно, долгнавесто и пријателско лице може да ги наведе луѓето околу вас да помислат дека сте богати, покажува новото истражување. Од друга страна, пошироките лица со поправи црти, виснати усти и потемни тен се сметаат за неспособни, помалку верни и посиромашни.

Имено, како што открија истражувачите од Универзитетот во Глазгов, обликот на вашето лице може да влијае на тоа што мислат другите за вашето потекло и богатство.

Нашата студија дава нови сознанија за тоа кои фактори прават некој да изгледа богат или сиромашен и во исто време ја покажува врската на овие мислења со позитивните и негативните стереотипи. Како ги перципираме другите и нашите впечатоци за нив во тој случај можат да доведат до одредени предности или недостатоци за оние што ги набљудуваме – истакнува доктор Тора Бјорнсдотир од Универзитетот во Стирлинг.

Претходните истражувања покажаа дека луѓето можат да погодат дали некој е богат само гледајќи во нечие лице.

Најновата студија, објавена во списанието APA Journal of Experimental Psychology: General, го разгледувала токму она што луѓето го гледаат во лицата кога одлучуваат дали некој е богат или сиромашен.

Тие побарале од 15 мажи и 15 жени со просечна возраст од 22 години да донесат брзи проценки за веројатното богатство или особините на една личност врз основа на 3Д-сликите што им се прикажани. Учесниците требало да објаснат каде се наоѓаат на скала од седум точки, од најсиромашни до најбогати.

Според резултатите од истражувањето на лицата, луѓето кои се сметаат за богати се подоверливи, топли и компетентни.

Имаат јасни црти, подигнати веѓи, насмеана уста, пропорционално распоредени очи и румени образи. Лицата за кои се оценува дека се сиромашни имаа спуштени веѓи, пократки бради, виснати усти и потемни, поладен тон на кожата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.