Каде се кријат предизвикувачите на инфекции?

Феномен

Фото: Pixabay

Ви откриваме некои помалку познати факти поради кои ќе посакате да ги измиете рацете – веднаш!

Бактериите и другите микроорганизми се неопходни за градење на имунитетот. Истовремено, лесно се шират и предизвикуваат страв од инфекција, гадење, дури и фобии.

Во продолжение прочитајте каде се кријат предизвикувачите на инфекции! Текстот продолжува по огласот…

590: Година во која папата Гргур ја осмислил молитвата по кивање „На здравје“ – затоа што кивањето било сметано за прв знак на чума.

36 година пред нашата ера: Римскиот писател Маркус Теренцие Варо ја изнесе својата теорија дека мочуриштата се најголем извор на инфекции бидејќи во нив се размножуваат „суштества што не можат да се видат со голо око“.

2: Процент на луѓе што контактните леќи ги чуваат според сите прописи.

18% Процент жени што умирале при породување во виенската болница во 17 век. Кога еден акушер во болницата, Игнац Семелвајз, им наредил на лекарите да ги мијат рацете со средство за дезинфекција, стапката на смртност опаднала на 1,5%.

1914: Во оваа година почна продажбата на „листерин“ за отстранување на непријатен здив, кој прво се употребуваше како хируршки антисептик, а потоа и како средство за чистење на подови и како лек против гонореја.

1932: Година во која глумицата Џин Харлоу за холивудскиот продуцент  Хауард Хјуз наводно изјавила: „Еден ден, додека јадеше кекс, ми понуди залче. Тоа не е за потценување, бидејќи кутриот човек толку многу се плаши од бактерии што тоа беше рамно на понуда за брак“.

2: Толку милиони луѓе страдаат од опсесивно-компулсивно нарушување –  една од најчестите форми на ова нарушување е потребата за екстремна чистота.

1976: Година во која Џон Траволта ја одигра улогата во филмот „Момче во пластичен меур“, кој зборува за тинејџер болен од тешко нарушување на имунитетот.

59: Епизода на култната американска ТВ-серија „Сајнфилд“, во која Џорџ Констанца е изложен на жестока критика бидејќи чипсот го „брцка“ директно во чинијата со сос, и тоа неколку пати откако го грицнал.

160: Брзина во км/ч со која (наводно) се исфрла секретот од устата при кивање.

10 до 15: Толку секунди рацете треба да останат влажни по употреба на дезинфекциско средство за да биде делотворно.

1.600: Ориентационен број на микроорганизми на секое копче на банкомат.

3: Толку пати кралот на Англија Хенри VIII наредил да се мијат ѕидовите и подовите во собата на неговиот син Едвард од превентивни причини. Меѓутоа Едвард сепак починал од туберколоза во 15-та година од животот.

67% Процент на тестери за шминка во парфимериите загадени со стрептококи, стафилококи или со ешерихија коли.

Текст: Н. Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.