Повеќе секс е подобро, но колку навистина ни треба за среќна врска?

Истражување открива

Дали сексот има неограничен ефект врз стресот или има доза во која е доволен, прашале научниците од Универзитетот во Торонто кои откриле дека има добра доза за квалитетна врска.

Луѓето се генерално посреќни во врска каде сексот е важен и неопходен дел, но претходните истражувања не кажуваат колку секс е потребен за да се чувствувате задоволни и поврзани.

Дали сексот има неограничено влијание врз стресот или има доза во која е доволен, прашаа научниците од Универзитетот во Торонто кои открија точно колку секс е потребен за среќа во долга врска или брак.

Според 23-годишно истражување спроведено на дури 25.000 луѓе, идеално е да водите љубов еднаш неделно. Точно е дека повеќе секс дефинитивно не е лошо, но во подолгите врски и бракови нивото на среќа останува исто ако е еден или повеќе пати неделно, а проблемот е ако е помалку од тоа.

– Добар потсетник за паровите е да не чувствуваат притисок дека сексот треба да биде секој или секој втор ден. Сепак, не треба да се занемари и да не се работи на тој дел од врската, и еднаш неделно тој ќе го задржи нивото на интимност и страст – вели водачот на студијата, Ејми Муиз.

Таа додава дека оваа количина на секс не се однесува на нови парови, кои имаат тенденција да имаат секс почесто.

Прочитајте и: Сексуален терапевт советува како да станете подобар љубовник

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.