Сексуален терапевт советува како да станете подобар љубовник

Д-р Стивен Снајдер им порача на мажите секој ден да покажуваат љубов кон своите партнери, но тоа не е сè …

Овој терапевт за врски и секс верува дека ова ќе ја подобри вашата врска и ќе ги оживее страстите во спалната соба. Тој сподели неколку свои совети.

Кажете ѝ дека ја сакате додека е на работа

Многу жени се грижат дека нивните партнери не размислуваат доволно за нив. Значи, ако сте на работа и размислувате за неа, не заборавајте да ја известите за тоа. Испратете ѝ нешто убаво како романтична порака или уште подобро, цвеќиња.

Кога ќе дојде дома немојте само да ја бакнувте. Кажете ѝ дека ви недостасуваше, вдишете го нејзиниот мирис, притиснете го нејзиното тело кон вашето, цврсто прегрнете ја, бакнете го челото и бидете прегрнати некое време. Оставете ја да почувствува колку ви недостасувала.

Сосема е во ред да уживате во вакви заеднички моменти заедно, дури и ако не планирате да имате секс. Понекогаш е поважно од самиот секс, тврди лекарот.

Страст, а не техника

Во сексот и сите други работи што ги правите со вашиот партнер, страста е поважна од техниката. Ако имате секс со неа само за да се задоволите себе си, нема страст и љубов. И двајцата треба да бидете вклучени, страсно. Каде што има страст, тука има и оган. Врската со страст е вистинската врска. Ако никогаш не сте го доживеале, првиот пат кога ќе го доживеете ќе почувствувате колку е силна и моќна врската, посочува Снајдер.

Јас секогаш ги прашувам мажите: „Кога ќе ја допреш својата партнерка, дали го правиш тоа за твое задоволство или за нејзино добро?“ Повеќето мажи велат: „За неа, секако! Зар не треба да го правам тоа?“ За жал, тоа да го направите едноставно за нејзино задоволство може да стане доста досадно по некое време. Што и да правите, проверете дали тоа и вас ве возбудува. Треба да има страст во врската“, вели Снајдер.

ФОТО: Getty Images

Оргазам како шлаг на крајот

Секако дека е убаво и задоволувачки да ѝ се даде оргазам на жената. Но, во никој случај во текот на сексот не ја форсирајте на тоа бидејќи од тоа нема да добиете апсолутно ништо.

„Како сексуален терапевт, им велам на луѓето дека патот до оргазмот е кога едноставно уживате во чувството на возбуда, се губите во тој момент. Тогаш оргазам едноставно се случува на крајот, како шлаг што го додаваме на тортата“, вели експертот.

Кога ќе почнете да водите љубов, не размислувајте за тоа како ќе достигнете кулминација. Препуштете се и уживајте во моментот. Сè друго ќе дојде по своја волја.

Не размислувајте премногу, бидете свесни

„Често им велам на паровите да се согласат да легнат заедно, да се соблекуваат и да не прават апсолутно ништо. Повеќето од нас поминуваат толку многу време на размислување и работа, но ако најпрво поминете неколку минути заедно и не правите апсолутно ништо, вашиот ум има шанса да премине од размислување во нешто што го нарекуваме „свесност“ “, вели Стивен.

Кога сте свесни за сè околу вас тогаш се случуваат добри работи. Патем, не грижете се за желбата. Доаѓа и оди, и не можете да ја присилите.

Да бевте повеќе свесни, веројатно ќе бевте поподготвени за секс отколку во одреден момент кога не сте свесни за сè што се случува, но вашите мисли сепак се „на работа“. Додека мислите лутаат и додека размислувате за работа, не можете да се опуштите, дури и ако започнете да водите љубов, „сè ќе падне во вода“ затоа што нема да можете да се фокусирате.

Прочитајте и: Дали знаете што е „ванила“ секс?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.