Дали знаете што е „ванила“ секс?

Од појавувањето на книгата (и филмот) „50 нијанси сиво“ сексот и сите негови „варијации“ се честа тема …

Невообичаени места за секс, како и пози кои досега не биле релевантни, сè повеќе го привлекуваат вниманието.

Таканаречениот „kinky“ (откачен) секс, односно необичниот спектар на сексуални дејства што се прават во спалната соба, па дури и почесто надвор, со некои нетипични секс-играчки се неговата суштина. Она што повеќето луѓе не го сметаат за овој вид секс е класичен „ванила“ секс.

Дали тоа значи дека „ванила“ сексот автоматски се поистоветува со лош секс? Побаравме мислење од експерти за секс.

Што точно е „ванила“ секс?

Најчестиот пример што ги потсетува луѓето на „ванила“ секс е оној во мисионерска положба, во мрак во спалната соба со еден партнер. Сепак, „ванила“ сексот е, велат експертите, исто толку субјективен како „откачен“ секс. „Ванила“ сексот за разлика од откачен секс не ги истражува границите на удобноста и останува во рамките на познатото. „Ванила“ сексот е исто така израз за сè што се смета за стереотип или нормално во даден временски период и општество. Значи, ако во вашата спална соба немате фиока полна со секси играчки, можете да го сметате вашиот сексуален живот за „ванила“.

Зошто тој има лоша репутација?

Можеби сте чуле коментари од луѓе кои сметаат дека „ванила“ сексот е досаден затоа што не носи некоја посебна возбуда во креветот. Проблемот е всушност дека „откачениот“ секс моментално расте и дека како и со сите трендови, она што е старо (во случајов „ванила“ секс) се смета за помалку забавно. Од друга страна, треба да се земе предвид дека „откачениот“ секс едноставно не е за секого и дека не секој ужива во изобилството играчки пред себе, туку едноставно сака нежни прегратки и бакнежи од партнерот. Ако некое лице доживеало лошо искуство или незадоволство за време на „ванила“ секс, тоа само по себе не го прави сексот лош, но тоа едноставно значи дека му треба нешто друго.

Што да изберете – „ванила“ или „kinky“?

Всушност, сè се сведува на тоа што ве задоволува вас лично и вашиот партнер. Ако мислите дека треба малку да ја зачините вашата љубовна врска, можете да предложите неколку нови пози или играчки во спалната соба. Исто така, не би било лошо да го менувате местото на водење љубов од време на време. Ниту еден вид секс не е лош ако вие и вашиот партнер уживате во него.

Прочитајте и: Нередовниот сексуален однос може да доведе до овие 5 состојби

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.