Совршено стилизирана коса без употреба на фен за коса

Фото: Getty Images

Ако некогаш сте го донеле фенот премногу близу до главата, или сте го чувале премногу долго на едно место, неизбежно ќе ја почувствувате скоро неподносливата топлина на воздухот. Сепак, тоа не ве спречува да продолжите да се фенирате ден за ден.

Честото и долго сушење на косата на овој начин го нарушува надворешниот слој на косата (кутикулата). Исто така, резултира со сушење, губење на сјај, еластичност, како и кршливост на косата.

Но, дали е можно да имате совршено обликувана коса без употреба на фен за коса?

Нашиот одговор е – можно е! Време е да го исклучите фенот за коса и да ја потенцирате природната текстура на вашата коса! Но, прво утврдете дали вашата коса – кога е сува (без оглед на нејзината текстура) – е тенка и мека или остра, а потоа применете ги упатствата на експертот…

Ако вашата коса е мека

Зголемете го волуменот на природно исушената коса (во воздухот) така што претходно ќе ја измиете двапати со шампон, нанесувајте балсам само на краевите и тријте поблаго средство за стилизирање кое не содржи масло. Потоа спуштете ја главата, фрлете ја косата и повремено тресете ја нежно за време на сушењето. На овој начин, ќе спречите лепење на коренот.

Ако вашата коса е остра

При сушење на косата со овој квалитет, поентата е да се спречи прекумерниот волумен што го спречува посакуваниот стил, како и сушењето и излитениот изглед на косата. Шампонирајте ја косата само еднаш, нанесете регенератор од корен до врв, а потоа нанесете комбинација на средство за обликување со поблаго држење и масно средство за  омекнување на косата. Не допирајте ја косата за време на сушењето, бидејќи – во спротивно – ќе ја нарушите природната текстура и обликот на брановите и кадрици.

Уште неколку корисни трикови

Ако не сте воодушевени од природната текстура на вашата коса, овие едноставни трикови можат да ви помогнат да го постигнете посакуваниот стил, исто така без фенирање.

Општо правило: Колку поголеми витлери, толку поправа ќе биде косата.

За да се нагласи текстурата на права коса, се препорачува да се врзе двоен јазол – едниот на врвот на главата, а другиот во задниот дел на главата.

За поголем волумен и брановиден изглед, одврзете ја косата кога е целосно сува.

Прочитајте и: Пет чувари на здрава и густа коса

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.