Имате стан од 30 квадрати и не знаете како да го уредите? Ова се правилата и можни решенија!

Неверојатно!

Малите станови честопати се голем предизвик за уредување

Треба да се внимава на секој детаљ за да не се загуши просторот, а истовремено сè што е внатре треба да биде максимално функционално. Добриот распоред, добрите и повеќенаменски кутии за средување, како и приспособливиот мебел, можат многу да ви помогнат во тоа.

Оптички поголем, но и попрозрачен простор ќе добиете со светли завеси, ѕидови и мебел. Ѕирнете во овој пресладок стан од 31 квадрат и ќе се уверите дека возможно е малиот стан да го направите удобен и визуелно многу поголем.

Малите станови од триесеттина квадрати се чест случај во големите градови, а понекогаш навистина голем предизвик е да се уредат така што сè ќе биде функционално и естетски убаво.

Водејќи се по правилата за уредување на овој стан, поентата во многуте светли детали. Тие визуелно ќе го зголемат просторот и ќе му дадат свежина.

Огледалата и стаклените детали ќе создадат привидна длабочина, а големите прозорци служат како директна врска со надворешниот свет.

Свеќниците и необичните светилки му даваат доза гламур на овој простор, а минималистичките парчиња мебел совршено се вклопуваат со белите теписи и ѕидови. Минимализмот е клучен во ваквите станови, а кога е во комбинација со скандинавскиот стил, резултатот е фантастичен.

Декорација на домот: 5 совети како да постигнете совршен минимализам во станот
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.