Изгубени генерации: 20 прости работи што денешните деца не умеат да ги прават!

Ова децата порано сами го учеле

Современите деца немаат поим од овие работи

Некогашните генерации сами го учеле сето она што им е потребно во животот.

Но денешните деца за сè се потпираат на Интернетот и на модерната технологија и тоа толку многу што кога батеријата ќе им се испразни, повеќе не се во состојба да решат некои проблеми.

На пример, тешко дека денешните тинејџери би знаеле да се ориентираат во природа со помош на компас или мапа, бидејќи користат исклучиво навигација.

Еве што сè денешните деца не знаат да направат:

  • Да посеат семе во земја и да одгледаат некоја билка за јадења
  • Да сменат гума на велосипед
  • Да го препознаат името на кое било дрво или птица во вистинскиот свет
  • Да наведат име на барем една ѕвезда на небото
  • Да заменат прегорен осигурувач
  • Да се движат со помош на мапа, без употреба на навигација
  • Праволиниски да пресечат парче дрво со помош на рачна пила
  • Да зготват вистинско јадење, кое не е купено полуготово
  • Да пресметаат 15 отсто од сметката како бакшиш за келнерот
  • Да запалат логорски оган, макар со запалка
  • Да наострат нож, макар со помош на острилка
  • Да направат скривалиште во шума со помош на материјали најдени во природата
  • Да подигнат автомобил со дигалка во случај на поправка
  • Да пресечат дрво со секира
  • Да исцепат дрва за потпала и да запалат оган во ќумбе
  • Да прочистат вода со помош на пластично шише и сончева светлина
  • Да прочитаат и протолкуваат знаци од компас
  • Да источат гориво од резервоар на напуштен автомобил
  • Цврсто да врзат и затегнат јаже за која било цел
  • Да поправат градинарско црево за вода, без да купуваат ново

Ако имате да додадете нешто, слободно споделете го тоа со нас во коментари!

5 јадења од 1980-те што обележаа многу детства: А денес се паднати во заборав!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.