5 јадења од 1980-те што обележаа многу детства: А денес се паднати во заборав!

Сте ги пробале?

Ве потсетуваме на по малку заборавените јадења без кои многу генерации не можеле ни да си го замислат денот во 1980-те

Оброците денес многу се разликуваат од оние што се приготвувале во домовите изминатиот век.
Ние во овој текст ќе се навратиме во осумдесеттите години на 20 век, кога семејствата се собирале на маса полна со креативни јадења. Денес, таквите оброци се вистинска реткост.

Пивтија

Свинската супа со зеленчук и зачини претворена во солено желе, беше на менито во многу домови во некогашна Југославија.

Се приготвува од свински нозе и други непопуларни парчиња месо, а најчесто се послужува во текот на зимата како ладно предјадење.

Свежо јајце со шеќер

Овој сладок десерт од јајца беше многу популарен на просторите на поранешна Југославија. Станува збор за десерт од свежи жолчки и шеќер, кои се матат со виљушка додека смесата се згусне во целост.

Парче леб со свинска маст и малку црвен пипер

Многу генерации го паметат детството токму по ова кулинарско совршенство. Немаше ништо послатко од намачкана резанка леб со свинска маст и посипана со црвен пипер. Вистински деликатес од детството.

Оброк полн со калории што дава енергија и е евтин истовремено. Наместо црвен пипер, по површината свинска маст некои луѓе посипувале и шеќер.

Француски компир

Потпечената пита од јајца, компири, колбаси и павлака, наречена француски компир од непозната причини, беше многу популарно јадење во 1980-те. Станува збор за калоричен оброк со многу јаглехидрати и масти.

Вариво од праз

Варивото од праз е уште едно јадење што обележа многу детства. Иако варивото од праз зазема важно место во нашата кулинарска историја, во денешно време сè поретко се готви во домовите.

Во 1984 година оваа храна била здрава: Денес се смета за отров!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.