Донација од милион долари од славните актери во банки за храна
Хуманоста на дело!
Брачна актерска двојка Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли преку социјалните мрежи најави дека ќе им донира милион долари на две организации кои претставуваат банки со храна во САД и во Канада за време на здравствена криза, пренесува People.
КОВИД-19 брутално се одразува на старите личности и сиромашните семејства. Блејк и јас донираме милион долари кои треба да се поделат на Feeding America и на Банката за храна во Канада. Доколку сте во можност да донирате, знајте дека на овие организации им треба помош“, порача актерот, додавајќи:
Грижете се за телото и духот. Оставете простор за радост. Јавете му се на некој кој е изолиран и можеби му треба внимание“.
Фото: Instagram, Getty Images