Со еден милион долари, Елтон Џон помага на организациите кои работат со луѓе кои се ХИВ-позитивни

Познатиот британски музичар започна фонд за да им помогне на организациите кои работат со лица со СИДА или ХИВ за тие да не бидат „запоставени“ за време на пандемијата на коронавирусот.

Елтон рече дека неговата Фондација „Elton John AIDS” ќе им даде пари на организации кои ќе најдат решенија за да продолжат да помагаат и да се грижат за лицата со СИДА и ХИВ.

„Дистрибуцијата на лекови, тестирањето и превентирањето не е веќе лесно како што беше пред неколку недели“, рече Елтон во видеото од неговиот дом во Лос Анџелес.

Тој рече дека неговата фондација ќе бара решенија за „специјалните предизвици“ со кои се соочуваат луѓето заразени со ХИВ или се изложени на ризик, и сега се соочуваат со дополнителни закани од коронавирусот.

Иако коронавирусот не се смета за посебна закана за лицата кои се ХИВ-позитивни кои примаат специфична терапија, тоа би можело да претставува поголем ризик за оние кои имаат имунолошки нарушувања или не се свесни за нивниот статус во овој поглед, велат експертите.

Прочитајте и: Жителите на Вухан го победија коронавирусот: Вака славеа откако излегоа од изолација по 76 дена! (ВИДЕО)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.