Ријана им помага на жртвите на семејно насилство за време на карантин во Лос Анџелес

Секоја чест

Пејачката Ријана им се придружи на силите со извршниот директор на Твитер, Џек Дорси, за да им помогне на жртвите на семејно насилство кои живеат во Лос Анџелес за време на пандемијата на коронавирусот.

Двајцата, наводно, кофинансирале фонд на градоначалникот на Лос Анџелес во висина од 4,2 милиони американски долари за борба против порастот на семејното насилство во градот за време на пандемијата.

Наведувајќи го зголемувањето на случаите на семејно насилство од минатиот месец, здружението зад кое стојат Ријана и Дорси најави дека ќе му помогне на фондот на градоначалникот пружајќи поддршка на жртвите во тек од 10 недели во форма на засолниште, оброци и советување за ранливите луѓе и нивните деца.

Бидејќи мерките за карантин остануваат во сила во Лос Анџелес, можноста за пријавување и помагање при семејно насилство е сè повеќе ограничена. Во многу засолништа веќе нема место.

Се проценува дека повеќе од 10 милиони луѓе во САД доживуваат семејно насилство секоја година.

Прочитајте и: Со еден милион долари, Елтон Џон помага на организациите кои работат со луѓе кои се ХИВ-позитивни

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.