Знаци дека вие и вашиот партнер станувате „едно“

Дали и вам ви се случува?

Знаете дека со текот на времето, мажот и жената сè повеќе личат едни на други и од „јас” стануваат „ние“.

Убаво е да бидете во склад со партнерот, но дали е навистина добро да бидете толку слични?

Слично се облекувате

Одеднаш изгледате како близнаци. Се сеќавате кога облекувавте фустан за да одите на кино, а тој шорцеви. Порано му се жалевте за неговите избори, а сега неговата вратоврска ја има истата шема како и вашите чорапи? Хмм…

Имате усогласени ставови во кои сте помалку крути

Да речеме дека документарните филмови целосно ги ревидираа вашите погледи и сега обајцата сте тврдоглави противници на преработена храна, сакате да се вклучите во „Амнести Интернешнл” и сакате да го спасите светот.

Имате слично однесување

Слично се смеете, исто одите, реагирате слично во некои ситуации. Каде е тука вашата посебност?

Вие раскажувате приказна во исто време дополнувајќи се едни со други

Една реченица кажувате вие, една тој. Одеднаш ги забележувате пријателите и роднините како ве гледаат вас, него, вас па него … како на тениски натпревар. Дозволете некој од вас да ја раскаже приказната до крај.

Вие ги цитирате истите реченици од филмовите или истите мигови ми доаѓаат на ум

Дефинитивно почнавте да размислувате како едно! Ова е знак дека навистина се разбирате.

Луѓето околу вас заклучуваат дека долго време сте заедно, а не сте

Запрашајте се, дали веќе сте се изгубиле себе си?

На фотографиите изгледате како да сте брат и сестра

Ова е дефинитивно загрижувачки знак. Се чини дека мала промена би била добредојдена! Фризури, а не партнери!

Прочитајте и: Истражување откри неочекувана последица од заедничко живеење пред брак

 

ФОТО: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.